Францускиот фудбалер Антоан Гризман е некој за кого многу се пишува после неговата објава пред два дена во која потврди дека го напушта Атлетико Мадрид ова лето.
На големо во медиумите се пишуваше дека негов нареден клуб ќе биде Барселона, но сега се појавија и најави за можен пресврт во ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот минатото лето многу се поврзуваше со Барселона, трансферот скоро и да беше завршен, меѓутоа на крајот тој не се случи и Гризман остана за да одигра уште една сезона. Тоа беше причината затоа што Барселона излезе во прв план после неговата објава за заминување.
Меѓутоа сега англиските медиуми најавуваат дека може да се случи пресврт во ситуација и Гризман да не се пресели во Барселона, туку да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Тимот во кој би можел да заврши е Ливерпул кој според она што се пишува на Островот е спремен да ја плати клазулата.
Меѓутоа ако навистина Клоп го посакува Гризман не е јасно зошто е тоа така бидејќи Клоп веќе има оформено супер трио со Салах, Мане и Фирмино. Ако Ливерпул го купи Гризман не би било изненадување некој од тројцата напаѓачи на „црвените“ да го напушти клубот.
Ќе потсетиме, Ливерпул и оваа сезона не успеа да ја освои Премиер лигата иако клубот од „Енфилд“ имаше 97 освоени бодови, Манчестер Сити освои еден повеќе.