Од вчера вечер во спортските медиуми главна вест е потврдата на Антоан Гризман дека го напушта Атлетико Мадрид.
Гризман Атлетико каде што пристигна од Реал Сосиедад ќе го напушти после пет години, засега не е потврдено, но скоро сите поголеми шпански медиуми објавија дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Она што е сигурно е дека клубот кој ќе го доведе Гризман ќе ја плати откупната клазула во износ 120 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова заминување на Гризман, под претпоставка дека ќе го облече дресот на Барселона може да повлече неколку големи трансфери во Европа. На оваа тема пишуваше каталонскиот „Спорт“ кој важи за медиум добро упатен со случувањата во Барселона.
Според информациите на „Спорт“ работите ќе се одвиваат вака: Гризман оди во Барселона, Кутињо од Барса прави трансфер во ПСЖ, а Кавани од ПСЖ преминува во Атлетико на местото на Французинот.
Ваквиот расплет на настаните и не е невозможен, ако се земе предвид што се случуваше во изминатиот период, посебно тоа важи за Кутињо.
Во Каталонија веќе неколку дена на големо се пишува за заминувањето на Бразилецот од Барселона. Кутињо апсолутно не ги оправда очекувањата и големата сума вложена во него, тој не е ниту бледа сенка на оној играч од Ливерпул, го изгуби местото во тимот и очекувањата се да ја напушти Каталонија ова лето.
Кавани подолго време се поврзува со заминување од ПСЖ каде што се спрема „чистка“ и мала реконстркуција на тимот.
Атлетико со сигурност ќе доведе замена за Гризман, на Барса Кутињо и вака не и премногу потребен, а не пак ако го имаат Гризман, дали ситуацијата ќе се развива на начин на кој најавува „Спорт“ останува да видиме.