Дома Трансфер зона ПСЖ нема да го продолжи договорот со Буфон, „светците“ го враќаат Трап?

ПСЖ нема да го продолжи договорот со Буфон, „светците“ го враќаат Трап?

Најновите информации гласат дека Пари Сен Жермен нема да му понуди продолжување на соработката на Џанлуиџи Буфон.

Легендарниот Италијанец минатата сезона одлучи да го напушти Јувентус после 17 години и да премине во ПСЖ каде очекуваше дека ќе има поголема шанса за освојување на Лигата на шампионите. Буфон потпиша договор на една година со опција истиот да биде продолжен на уште една.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа во Париз не се задоволни од она што го прикажа Буфон и медиумите пишуваа дека тој е еден од виновниците за елиминацијата од Лигата на шампионите. Поради тоа Италијанецот ќе добие одврзани раце да пронајде нов клуб. Буфон има 41 година и многу е веројатно да ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.

Во медиумите се шпекулираше дека би можел да превземе некоја директорска позиција во Јувентус.

Според информациите на местото на Буфон во Париз ќе биде вратен Кевин Трап кој е на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт. Трап минатото лето беше позајмен на Ајнтрахт бидејќи после две сезони во кои беше стартер го изгуби местото од Ареола. Се врати во Ајнтрахт и таму се препороди и ПСЖ сега наводно сака да го врати.

Ако овие најави се остварат станува јасно дека трансферот во ПСЖ за Буфон беше една ретките грешки во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…