Дома Фудбал Англија Затоа е избран за најдобар во ПЛ: Статистиката на Ван Дијк е неверојатна!

Затоа е избран за најдобар во ПЛ: Статистиката на Ван Дијк е неверојатна!

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил Ван Дијк ја доби наградата за играч на годината во Премиер лигата.

Овој 27 годишен играч командант на најдобрата одбрана на Островот и без него составот на Ливерпул е незаменлив.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Холанѓанецот стана најдобар играч својата прва сезона во Ливерпул, а истото му успеа и на Мохамед Салах кој минатата сезона го доби ова признание.

Страницата „ОПТА“ кој се занимава со фудбалската статистика објави податоци кои ја потврдуваат фантастичната сезона за Ван Дијк.

0 – Ниту еден играч не успеал да го издрибла Ван Дијк во 36 натпревари оваа сеозна, а ако ја гледаме минатата тогаш Холанѓанецот не е поминат 45 натпревари во низа.

19 – Ниту еден играч нема повеќе натпревари во кој неговиот тим не примил гол.

77% – Оваа сезона 292 играчи биле во 100 или повеќе дуели. Ван Дијк е најдобар со освоени 77%.

35 – Ливерпул победи на 35 од 50 лигашки натпревари во кои играл Ван Дијк.

8 – Ван Дијк стана осмиот играч на Ливерпул кој ја освоил оваа награда. Пред него то им успеа на Мекдермот, Даглиш, Раш, Барнес, Џерард, Суарез и Салах.

6 – Тој е само шестиот стопер кој ја освоил наградата играч на годината. Негови претходници беа Хантер (Лидс), Тод (Дерби Каунти), Палистер (Манчестер Јунајтед), Мекграт (Астон Вила) и Џон Тери (Челзи).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…