Дома Фудбал Англија Вокер: Навивачи на Јунајтед доаѓаат и ми кажуваат дека сакаат ние да ја освоиме титулата

Вокер: Навивачи на Јунајтед доаѓаат и ми кажуваат дека сакаат ние да ја освоиме титулата

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер даде интересна изјава пред градското дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое би можело да биде одлучувачко за сезоната во Англија.

Сити се бори за титулата и доколку слави на „Олд Трафорд“ веројатно ќе ја освои бидејќи не се очекува да „кикснат“ против противниците кои им следат во последните три кола. Од друга страна Манчестер Јунајтед е во борба за место во Лигата на шампионите и со пораз во дербито значително би им се намалиле шансите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во чудна ситуација се ставени навивачите на Манчестер Јунајтед кои не знаат што е подобро за нив. Ливерпул им е најголемиот ривал во Англија, додека за ривалството на Манчестер нема потреба да се трошат зборови.

Според Кајл Вокер навивачите на Јунајтед повеќе сакаат Сити да ја освои титулата отколку Ливерпул.

„Навивачите на Манчестер Јунајтед во овој момент се ставени во тешка ситуација и тоа е повеќе од очигледно. Кога сум излезен на улица и го шетам моето куче, често пати ми приоаѓаат навивачите на Јунајтед и ми кажуваат дека повеќе би сакале ние да ја освоиме титулата отколку Ливерпул. Тоа е чудно да се слушне, но јас сум сигурен дека Јунајтед нема да излезе на терен и да ни каже: Ајде Сити постигни гол“, изјави Вокер.

Дербито на Манчестер се игра утре во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…