Дома Трансфер зона Рома ја најде замената за Џеко: Пристигнува аргентинската гол-машина

Рома ја најде замената за Џеко: Пристигнува аргентинската гол-машина

Един Џеко најверојатно ја игра последната сезона во Рома, а италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ веќе пронашла замена за Босанецот.

Рома одлучи да го продаде Џеко бидејќи влегува во последната година од договорот, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Вест Хем и милански Интер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе ја пронашла неговата замена, а станува збор за фудбалерот на Бока Јуниорс и аргентински репрезентативец, Дарио Бенедето.

Раководството на „волчицата“ веќе ги започна преговорите со неговите агенти, а наскоро ќе треба да се финализира трансферот кој ќе чини 20 милиони евра.

Бенедето на „Олимпико“ треба да биде замена за Џеко, а за него ова ќе биде прво европско искуство, откако веќе три години го носи дресот на Бока Јуниорс.

Претходно настапуваше за Арсенал, Гимназија и Дефенсор, а во меѓувреме стана и аргентински репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…