Дома Трансфер зона Реал пресече: Герет Бејл може да избере во кој тим сака да замине

Реал пресече: Герет Бејл може да избере во кој тим сака да замине

Реал Мадрид донесе конечна одлука за Герет Бејл.

Иако агентот на Велшанецот истакна дека неговиот клиент има намера да остане во клубот до крајот на неговиот договор, Кралевите повеќе не го сакаат во својот тим и нема да биде во плановите на тренерот Зинедин Зидан за следната сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Францускиот стручњак има големи планови. Тие планови вклучуваат реконструкција на тимот, а Зизу во својата акција не го гледа Бејл во тимот.

Затоа тој ќе биде еден од оние кои Реал ќе ги стави на трансфер листата, а како знак на добра волја, Кралевите ќе го пуштат 29-годишниот фудбалер сам да избере во кој тим сака да ја продолжи кариерата.

Одреден интерес за овој фудбалер постои. Најмногу се споменува Манчестер Јунајтед и Баерн, но за сега вистински понуди нема.

Па така, Бејл ќе го заврши својот шестгодишен престој во Мадрид. Повредите го спречија да го покаже она што го знае, но сепак успеа да ги освои сите можни трофеи.

Велшанецот за Реал одигра вкупно 227 натпревари и има скор од 102 погодоци и 63 асистенции.

Оваа сезона на 38 настапи запиша 14 погодоци и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…