Дома Фудбал Господскиот потег на Пике против Атлетико – Коста треба да му биде благодарен (ВИДЕО)

Господскиот потег на Пике против Атлетико – Коста треба да му биде благодарен (ВИДЕО)

Шпанскиот напаѓач Диего Коста го очекува жестока казна поради директниот црвен картон во вчерашното дерби против Барселона.

Коста ги остави своите играчи на цедило во еден од најважните натпревари во сезоната. Атлетико на крајот беше поразен со 2:0 и Барселона скоро и да ја обезбеди новата титула во Шпанија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлучувачкиот момент се случи во 28-та минута кога гостите останаа со играч помалку бидејќи директен црвен картон доби Диего Коста. Тој испрати погрдни пцовки кон главниот судија кој не се двоумеше и го испрати Коста во соблекувалната.

Откако му покажа црвен картон настана гужва бидејќи останатите играчи на Атлетико бараа објаснување, а никој не го смируваше Коста кој беше бесен на судијата.

Тогаш во ситуацијата се вмеша дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике кој постапи господски и го смири Коста кој и онака претходно доволно кажа.

Шпанските медиуми го пофалија однесувањето на Пике и порачаа дека веројатно тој е заслужен што Коста нема да добие уште потешка казна бидејќи успеа да го смири и да го испрати во тунелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…