Дома Трансфер зона Легендата на Баерн: За некоја година за возач на автобус ќе се плаќа пет милиони евра

Легендата на Баерн: За некоја година за возач на автобус ќе се плаќа пет милиони евра

Баерн Минхен неодамна ја заврши најскапата зделка во клупската историја.

Гигантот од Минхен за наредната сезона го обезбеди потписот на дефанзивецот Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра што најголема сума која Баерн ја платил за еден играч.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред Хернандез Баерн не платил сума поголема од 40 милиони евра за некој играч, Освен Хернандез Баерн го обезбеди потписот и на уште еден дефанзивец од шампионската генерација на Франција, Бенџамин Павар.

Трансферот на Хернандез сега беше коментиран од страна легендарниот играч за врска на Баерн, Стефан Ефенберг кој остро ја критикуваше новата политика на Баерн и придружување на „лудилото“ кое владее на трансфер пазарот..

„Нон стоп се акцентира тоа дека купуваат светски шампион, но кој ви гаранатира на вас дека во следните десет години ќе игра на такво ниво. Во трансферот на Лукас Хернандез има само еден добитник и тоа е Атлетико Мадрид. Таа сума е нормална за трансфер пазарот во денешно време, но искрено мене ме ми се превртува желудникот. Јас повеќе таа сума би ја потрошил на некој напаѓач или играч за врска, а не на бек. Ако се продолжи со ова темпо за пет години и возачите на автобусот ќе се плаќаат по пет милиони евра“, порача Ефенеберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид донел конечна одлука за иднината на Ѓулер

Иако не добива преголема минутажа, Арда Гулера има светла иднина во Реал Мадрид, тврдат шп…