Напаѓачот Раул Хименес од денес и официјално е во сопственост на Вулверхемптон, соопшти англискиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мексиканскиот фудбалер денес потпиша договор до 2023 година со „волците“. Според англиските медиуми Вулверхемптон на Бенфика за неговиот потпис и платил 30 милиони фунти.
Тоа е рекордна трансферна сума во историјата на Вулверхемптон, а трансфер прозорецот се уште не е отворен.
Претходно, најскап играч во историјата на „волците“ беше Адама Траоре, за кого клубот му плати 18 милиони фунти на Мидлсборо.
Оваа сезона 27-годишниот Хименес запиша 37 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна 15 гола и 8 асистенции.
RAUL IS STAYING! #RaúlSeQueda
??✍️ pic.twitter.com/7jPQwC8vnx
— Wolves (@Wolves) April 4, 2019