Агонијата на францускиот фудбалер Адриен Рабиот полека се ближи кон крајот.
Според наводите на француските медиуми 23-годишниот играч од лето ќе стане нов играч на мадридски Реал со кој во претходните неколку дена успеал да договори соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рабиот не е во добри односи со тренерот на француската екипа, Томас Тухел веќе неколку месеци и поради тоа одби да го продолжи договорот.
Иако не игра за ПСЖ веќе неколку месеци, интересот за неговите услуги е огромен, а на крајот во конкуренција на Арсенал, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал, ги одбра Кралевите.
Последниот натпревар во дресот на францускиот првак Рабиот го одигра во декември, а оваа сезона настапи на вкупно 14 натпревари.
Потврда за трансферот на Рабиот од ПСЖ во Реал Мадрид би требало да се случи во наредните денови.