Дома Видео Хунтелар после големата победа на Ајакс имаше свое шоу на ,,Бернабеу” (ВИДЕО)

Хунтелар после големата победа на Ајакс имаше свое шоу на ,,Бернабеу” (ВИДЕО)

Откако беше поразен во Амстердам со 1:2, Ајакс во реванш натпреварот на Бернабеу го совлада Реал Мадрид со 1:4 и се пласира во четврт финалето во ЛШ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Така, Ајакс режираше вистинска сензација, а по последниот судиски свиреж, очекувано, следуваше големо славје на гостинските играчи и навивачи.

Еден од оние кои најдолго се задржаа на тревникот и ја славеше победата на Ајакс беше искусниот напаѓач Клас-Јан Хунтелар.

Хунтелар не влезе во игра на Бернабеу, но затоа знаеше да ја прослави победата со навивачите.

Велат дека не е убаво да славите голови и победа против поранешен клуб, но Хунтелар очигледно не се држи на тоа.

Инаку, Хунтелар дресот на Реал Мадрид го носеше кратко, една полусезона. За Кралевите одигра 20 натпревари и постигна осум гола пред да премине во редовите на Милан летото 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Директор на Милан не го крие интересот на клубот кон играчот од средниот ред на Сасуоло

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, не ги негираше гласините за интересот на клубот к…