Германскиот голман Марк Андре тер Штеген во разговор за медиумите посочи еден фудбалер кој според него би бил идеално засилување за Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тер Штеген како идеално засилување за својот тим го наведе својот сонародник и ѕвезда на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.
„Марко Ројс игра феноменално, неговиот стил е луд. Мислам дека би бил иделано засилување за Барселона. Сметам дека и за него бви било подобро и би се отвориле повеќе опции доколку се пресели во поголем клуб, но тој е среќен во Борусија Дортмунд бидејќи целото негово семејство е таму. Тоа за него е многу важно“, објаснува Тер Штеген.
„Тој е фудбалер кој може да игра за било кој голем клуб, но исто така секогаш говори нешто што мора да се респектира: „Не, ќе останама таму каде што припаѓам, каде што е моето семејство, каде што имам поддршка“, додаде германскиот голман.
Ројс оваа сезона е во одлична форма со оглед на фактот што на 27 натпревари постигна 17 погодоци и запиша 8 асистенции.
Тој и во минатото беше мета на многу европски гиганти, но секогаш неговиот избор беше да остане во Борусија Дортмунд.
Останува да видиме дали Барселона ќе ги послуша советите на Тер Штеген и дали на лето ќе тргне по потписот на Марко Ројс.
Marco Reus to Barcelona, anyone? ?https://t.co/v1ulhyF73z
— Goal News (@GoalNews) February 26, 2019