Вечера беше одиграно лудо турско дерби во кое Фенербахче и Бешикташ ги поделија бодовите 3:3.
Фенербахче оваа сезона е еден непрепознатлив тим и место да се бори за титулата како што се очекуваше овој тим се наоѓа во долниот дел од табелата и стравува дека би можел да отпадне од најсилното турско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бешикташ на полувремето водеше со убедливи 3:0, а во тие моменти на трибините беше забележана една фотографија која брзо се рашири на социјалните мрежи.
Имено, татко и син не можеа да поверуваат што се случува со нивниот oмилен клуб и беа прегрнати во солзи…
На крајот Фенербахче на чудесен начин успеа да се врати и да дојде до бод во ова спектакуларно дерби. Головите во второто полувреме за Фенер ги постигнаа Зајц, Чифтпинар и Калдирим. Нашиот Елиф Елмас кој е член на овој клуб во игра влезе во финишот во 84-тата минута.
https://www.youtube.com/watch?v=G-4RyUH-SiE
Со овој освоен бод Фенер се наоѓа на 14-тата позиција со 25 освоени бодови. Во Турција екипите од 16-то до 18-то место ја напуштаат прволигашката конкуренција.
Фенер не е во завидна позиција и има само еден бод повеќе од Бурасаспор, тим кој 16-ти со само еден бод помалку Фенербахче (24).
Навистина е неверојатно да замислиме дека еден гигант како Фенербахче може да испадне во понизок ранг, но доколку не започнат да победуваат ова сценарио лесно
може да стане реалност.