Дома Фудбал Реал Мадрид последен пат толку порази имаше пред ерата на Роналдо

Реал Мадрид последен пат толку порази имаше пред ерата на Роналдо

Реал Мадрид денеска уште еднаш ги разочарана своите навивачи. Кралевите а домашен терен беа поразени од Џирона со 2:1 и на тој начин Барселона ја зголеми предноста на девет бода.

Инаку, ова за Кралевите беше седми пораз оваа сезона во шпанското првенство, што е најголем број на порази уште од сезона 2008/09.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму после таа сезона, во која забележаа 10 порази во клубот пристигна Кристијано Роналдо, а екипата од тогаш никогаш не запишала повеќе од шест порази во една сезона во Ла Лига. Нормално, и овој статистички податок им иде од рака на оние навивачи кои мислат дека продажбата на Роналдо е најголема грешка на клубот.

Реал во периодот со Роналдо освои две првенствени титули, а се чини дека оваа сезона тешко ќе може да дојде до трофејот.

До крајот на Ла Лига останаа уште 14 кола, па многу веројатно е дека Реал може да го изедначи или да го сруши негативниот рекорд од 2008/09.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…