Паоло Дибала после доаѓањето на Кристиано Роналдо како да падна во втор план, поради тоа низ медиумите во Италија знаеше да се појави вест дека овие двајца немаат пријателски однос.
Меѓутоа со потезите кои во последно време на теренот овие приказни паѓаат во вода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во минатото коло кога Јувентус славеше победа од 0:3 против Сасуоло каде Роналдо после погодокот ја воодушеви Италија со прославата посветена на својот соиграч Дибала која минува низ еден тежок период.
Роналдо тогаш погодокот го прослави со заштитниот знак на Дибала.
„Прекрасен гест од Роналдо за Дибала кој минува низ тешки моменти. Роналдо е шампион и не само со топката во нозе“, гласеше тогаш коментарот на Алесандро Костакурта за гестот на Роналдо.
Вчера против Фросиноне овој гест доби дополнување.
Јувентус на свој терен славеше со нови 3:0. Првиот погодок на натпреварот беше дело на Дибало, а третиот на Роналдо. Посебно прекрасен беше оној на Аргентинецот.
Меѓутоа она за што многу се пишува е прославата на голот на Аргентинецот.
Ако против Сасуоло Роналдо сам го правеше заштитниот знак на Дибала овој пат тука беше и Дибала да го надополни.
Ваквите случувања на теренот се јасен демант за сите кои сметаа дека Дибала и Роналдо имаат проблеми и сигурно дека овие фотографии за навивачите на Јувентус се посебни.