Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола остана затечен откако на пресконференцијата разбра дека Бенџамин Менди моментално се наоѓа во Хонг Конг.
Дефанзицот на Манчестер Сити моментално се опоравува од повреда и од клубот добил дозвола да оди во Барселона. Меѓутоа, Французинот од Барселона одлета за Хонг Конг, а тоа го избезуми менаџерот на „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Менди е во Хонг Конг? Не го знаев тоа, па тој е навистина среќен дечко“, изненаден беше Гвардиола.
„Пред некој ден рече дека ќе оди во Париз. Океј, тоа е блиску, но Хонг Конг е далеку. Ќе мора да инсталирам Инстаграм и да отворам акаунт“, заклучи Пеп.