Дома Фудбал Останато Извлечено телото од авионот со кој леташе Сала!

Извлечено телото од авионот со кој леташе Сала!

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала исчезна пред две недели кога авионот со кој леташе се сруши во водите на Ла Манш.

Авионот исчезна од радарот на 22-ри јануари, после десет дена пронајдени беа остатоците од авионот во кои имаше и едно тело.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Од спасувачките служби порачаа дека авионот ќе биде извлечен на површина во наредните денови и дека се уште не знаат каде е другото тело. Вечерва англиските медиуми објавија дека телото кое беше забележано е извлечено од остатоците.

Според информациите телото во овие моменти се наоѓа во брод во близина на местото на падот на авионот. Се уште не е соопштено за кого се работи и се очекуваат информации наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одбраната на Реал „распарчена“ пред четири тешки гостувања

По репрезентативната пауза, Реал Мадрид има четири врзани гостувања, а одбраната е значите…