Дома Фудбал Англија Драмата на „Енфилд“ со среќен крај за Ливерпул: „Црвените“ славеа со 4:3! (ВИДЕО)

Драмата на „Енфилд“ со среќен крај за Ливерпул: „Црвените“ славеа со 4:3! (ВИДЕО)

Тимот на Ливерпул денес во драматичен натпревар го совлада Кристал Палас на „Енфилд“.

Натпреварот за „црвените“ не започна добро, Таусенд постигна погодок во 34-тата минута за водство на гостите.

Тоа беше и единствениот погодок во првите 45 минути.

Во вториот дел следуваше вистинска лудница.

Мохамед Салах после само две минути игра изедначува на 1:1, а шест минути подоцна Фирмино погодува за целосен пресврт.

Палас не се откажа, Томкинс во 65-тата реализира за 2:2. До ново водство тимот на Клоп стигна после грешката на чуварот на мрежата на Палас која ја казни Салах.

Победата за Ливерпул ја обезбеди Садио Мане во 93-тата минута, но тука не беше крајот на возбудувањата, Макс Мајер во 95-тата минута ги постави конечните 4:3.

Треба да се истакне и дека Џејмс Милнер во 89-тата минута го заработи вториот жолт картон.

Во останатите натпревари Манчестер Јунајтед ја продолжи низата на победи против Брајтон (2:1), Њукасл го декласираше Кардиф со 3:0, Саутемптон на домашен терен беше подобар од Евертон (2:1), Бурнемот го совлада Вест Хем со 2:0, додека Вотфорд и Барнли одиграа 0:0.







Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раниери потпиша нов договор со Фиорентина до 2029 година

Лука Раниери потврди дека постигнал договор за продолжување на својот договор со Фиорентин…