Ливерпул вечерва беше поразен од Волвс со 2:1, и остана без можноста да се закити со трофејт во ФА Купот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Почетниот состав даде јасно до знаење дека Клоп не оди по секоја цена на победа, а дека сакаше да победи – да, сакаше, како и секогаш. Сепак, резервниот тим на Црвените не успеа да избори пласман во 4. коло.
Хименез и Невез во 38. и 55. минута беа стрелци за Волвс, додека Ориги во 51. минута ги врати за кратко надежите на тимот од Енфилд.
Подоцна во игра влегоа и Салах и Фирмино, но Ливерпул не успеа да се спаси од испаѓање, па единствено сега им останува да се посветат на борбата за титулата во Премиер лигата и ЛШ.