Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ потврди: Репрезентативците ќе поделат рекордна премија за пласманот во плејофот од Лигата на Нации!

ФФМ потврди: Репрезентативците ќе поделат рекордна премија за пласманот во плејофот од Лигата на Нации!

macedonia

Македонија со вчерашната победа против Гибралтар ја обезбеди првата позиција во групата и така добивме прилика на домашен терен да го играме полуфиналето од Лигата на Нации.

Пред стартот на новоформираното натпреварување на УЕФА од ФФМ најавија дека репрезентативците ќе добијата премија од 350.000 евра за освојување на првата позиција во групата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, после одличниот настап и петте победи во шест натпревари со одлична гол разлика ја натераа македонската куќа на фудбалот дополнително да ги мотивира фудбалерите.

Фудбалрите и стручниот табор за одличните настапи сега ќе добијат рекордна премија од – половина милион евра!

Нашиот противник во полуфиналето ќе биде познат денес, а се одлучува помеѓу Косово (доколку победи против Азербејџан), Белорусија (со нерешен резултат во Приштина) или Азербејџан (доколку слави против Косово).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…