Дома Топ вести Потоп за Реал на „Ноу Камп“: Суарез правеше чуда, пукна „петарда“ во мрежата на Куртоа! (ВИДЕО)

Потоп за Реал на „Ноу Камп“: Суарез правеше чуда, пукна „петарда“ во мрежата на Куртоа! (ВИДЕО)

Денес се одигра големото „Ел Класико“ во кое Барселона стигна до убедлива победа од 5:1.

Со оглед на тоа формата во која се наоѓаше тимот на Реал, Барса беше благ фаворит и пред натпреварот.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Каталонците до предност стигнаа рано уште во 11-тата минута кога Кутињо после асистенцијата од Алба ја погоди мрежата на Куртоа. После половина час Барселона после реакцијата од ВАР доби пенал кој во гол го претвори Суарез за 2:0.

Со тој резултат се замина и на полувреме.

На стартот од вторите 45 минути, после само пет минути игра Марсело погодува за 2:1 и дава „трошка“ надеж на „кралевите“.

Во 75 минутата Суарез го постигнува својот втор за 3:1. Треба да се истакне дека непосредно пред голот на Уругваецот, Бензема пропушти 100% шанса да изедначи на 2:2.

Барса не застана тука, Суарез осум минути подоцна успеа да стигне и до хет-трик.

За целосен потоп и катастрофа на тимот на Лопетеги се погрижи нововлезениот Видал кој на три минути пред истекот на регуларните 90 ги псотави конечни 5:1.

До крајот Барселона промаши и уште една одлична прилика за уште поубедлива победа, а многу веројатно дека ова беше и последниот натпревар за Лопетеги како тренер на Реал Мадрид.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вечерва е финалето на Лигата на шампионите, кој е биде новиот европски владетел?

ПСЖ и Интер од 21 часот во Минхен го играат финалето на Лигата на шампионите. ПСЖ сака да …