Дома Македонски спорт Мак ракомет КИКС ГОЛЕМ КАКО ПЛАНИНА: Ракометарите поразени од Грција

КИКС ГОЛЕМ КАКО ПЛАНИНА: Ракометарите поразени од Грција

macedonia

Македонската репрезентација денес го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 и изненадувачки бевме поразени од селекцијата на Грција 28:26.

Избраниците на Раул Гонзалес повторно одиграа лош натпревар (против Турција одигравме лошо, но победивме) и во салата во Кожани го претрпевме првиот пораз во вториот натпревар од квалификациите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Македонија на стартот од натпреварот натправи предност од три гола гола разлика, но домаќинот брзо се врати во натпреварот и потоа скоро во текот на целиот натпревар ние имавме предност од 1-2 гола разлика.

На полувреме заминавме со 12:13.

И во вториот дел гледавме слична ситуација на теренот. Водството го изгубивме на десетина минути пред крајот на натпреварот,  кое домаќинот до крајот успеа и да го задржи.

Треба да се истакне дека голманот Никола Митревски веројатно беше единствениот кој беше на потребното ниво и натпреварот го заврши со 13 одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…