Дома Топ вести Историја: На Реал ова му се намеше случено цели 116 години!

Историја: На Реал ова му се намеше случено цели 116 години!

Реал Мадрид под тренерската палка на Лопетеги е непрепознтлив, а денес „кралевите“ запишаа негативен рекорд кој никогаш претходно не им се случил во историјата.

Имено, Реал Мадрид на изминатите три натпревари не постигна гол, а тоа не им појде од рака ни во првите 70 минути од дуелот против Леванте на „Сантиаго Бернабеу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кралевите“ губеа 2:0 на полувремето од Леванте, а постигнаа гол дури во 72-та минута преку Марсело за 2:1, што на крајот беше и конечен резултат.

Па така Реал остана без постигнат гол цели 8 часа, нешто му се немаше случено во 116-те години од постоењето на клубот.

Претходниот негативен рекорд беше од 1985 година, кога „кралвите“ немаа постигнато гол 7 часа и 40 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Винисиус и Реал во тесна позиција: Бразилецот ја одби понудата, ги чека плановите на Алонсо и развојот на сезоната

Според шпанските медиуми, многу тешко ќе се случи промена во односите помеѓу Реал Мадрид и…