Спалети би можел да добие засилување во одбраната и средниот ред.
„Неораѕурите“ во одлично темпо заминаа на репрезентативна пауза – четири победи во низа во Серија А и максимален учинок во Лигата на шампионите (две од две), ваквата ситуација му дава надеж на Интер дека ќе има добра сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За да останат конкуретни потребни им се засилувања во преодниот рок, а наводно мети се Ектор Ерера од Порто и Јоаким Андерсен од Сампдорија.
Мексиканецот од Порто од поодамна е желба и псотои голема шанса овој трансфер да биде реалииран бидејќи неговиот договор со тимот од „Драгао’ истекува наредното лето, па јануари е последната шанса на Португалците да заработат од неговото заминување.
Данецот Андерсен одлично игра за Сампдорија на позиција стопер, неговиот тим прими само четири погодоци во Серија А, а тој е неизоставен дел од одличната одбрана.
Управата на Интер во него гледа „нов Скиниар“, а општо познато е дека често пати поминуваа добро со трансферите на клубовите од Џенова.
Примери за тоа се Тиаго Мота, Диего Милито и најновиот случај со Скиниар.