Хрватскиот тренер помина скоро два дена во притвор на испрашување во склоп на гоелмата истрага за наместени натпревари во Белгија.
Иван Леко за прв зборуваше за медиумите откако во беше уапсен од страна на полицијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот денес беше пуштен од притвор и веќе денес водеше тренинг на Клуб Бриж и според него клубот и навивачите му даваат огромна поддршка.
„Кога некој вас ќе ве извлече од вашиот дом во 6 часот натуро тоа е вистински шок!“, изјави Леко па продолжи:
„Поминав скоро два дена во ќелија и беше многу тешко. Како тие случувања ќе влијаат на мојата репутација? Искрено, не знам. Ќе видиме. Но мислам дека имам голема поддршка од клубот“.
Со оглед дека засега не е помеѓу осомничените за нечесна работа, а не го пуштија на слобода веднаш после испрашувањето туку е задржан во затвор, белгиските новинари го прашаа дали ќе поднесе жалба.
„Дали ќе ги тужам? Не знам. Се уште не сум донел одлука. Едно е сигурно, ќе се борам. Со поддршка на моето семејство, мојот клуб и навивачите“.
Ќе потсетиме во истрагата беше уапсен и поранешниот македонски фудбалер, а денешен менаџер на Леко, Драган Силјановски.