Дома Трансфер зона Де Геа го држи Манчестер Јунајтед во шах позиција!

Де Геа го држи Манчестер Јунајтед во шах позиција!

Манчестер Јунајтед овие денови има навистина многу грижи, а последната е – Давид Де Геа! Како што пренесува британски „Телеграф“, Де Геа повеќе не е сигурен дека сака да го продолжи договорот со „ѓаволите“ и да остане на „Олд Трафорд“.

Весникот тврди дека минатиот петок во Лондон имало состанок помеѓу агентот на голманот, Жорге Мендеш и претставни на „црвените ѓаволи“ за продолжување на договорот, но двете страни не постигнале договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Де Геа истекува на крајот од сезоната, но Манчестер Јунајтед има опција да ја продолжи соработката на уште 12 месеци. Меѓутоа, ако Де Геа одбие да го продолжи договорот, Манчестер може да остане без Шпанецот и тоа без оштета.

Секако Јунајтед има уште време да го убеди Де Геа да стави потпис на нов договор, но проблем е што голманот сака да се бори за титула на сите фронтови, а овој Манчестер реално во овој момент не е во состојба да му понуди такво нешто.

„Телеграф“ пишува и дека многу зависи од дали Жозе Мурињо ќе остане на клупата на Јунајтед, Шпанецот сигурно не сака да ги помине најдобрите денови од кариерата во клуб кој има проблеми и стравува дали наредната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…