Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа изјави дека се чувствува одлично на „Олд Трафорд“ и не планира да ја промени средината.
Договорот на Де Геа истекува следното лето, но англиските медиуми тврдат дека наскоро двата клуба ќе потпишат нов договор за долгорочна соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се чувствувам навистина сакан во овој клуб од фабовите и сите кои се дел од клубот. Многу сум среќен што играм за Манчестер Јунајтед, кој е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Де Геа.
Двете страни веќе започнаа преговори за продолжување на соработката, но Де Геа бара сериозно зголемување на платата која во моментов изнесува 180.000 фунти неделно.
„Никогаш не ги слушам глупостите кои се пишуваат во медиумите. Во принцип не го слушам тоа што се зборува за мене. Сконцетриран сум само на мојата работа и се обидувам да му помогнам на тимот“, коментираше Шпанецот.
David De Gea refuses to commit himself to Man United https://t.co/I8ICgLVx6w pic.twitter.com/YpWtNmdwMR
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) September 18, 2018