Дома Фудбал Англија 60 години од трагедијата која го промени англискиот фудбал (Видео)

60 години од трагедијата која го промени англискиот фудбал (Видео)

Aнглија како и целиот фудбалски свет денес обележува 60 годишнина од трагичната авионска несреќа во која Манчестер Јунајтед загуби половина тим од една од најславните генерации.

Емотивни пораки до клубот од „Олд Трафорд“ пристигнуваат од сите краишта на светот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Минхенската трагедија“ е симбол за една од најголемите спортски трагедии. На враќањето од четврт финалето во тогаш Купот на шампионите против Црвена Звезда во Белград, авионот на Манчестер Јунајтед се сруши на денешен во 1958 година при обидот да плета на минхенскиот аеродром.

Авионот не успеа да ја достигне посакуваната брзина, по што се сруши и запали.

Целиот случај кој го потресе светот доби и политичка конотација. Како главна причина за насреќата според мислењето на германските истражители е ледот кој е пронајден на крилата на авионот, додека за главен виновник вил прогласен пилотот и каптен Џејмс Таин, сепак 11 години подоцна англиската влада го ослободи Џејмс од обвинението.

Голема делегација на Манчестер Јунајтед вчера допатува во Белград во хотелот на „Мајсетик“ во кој „Бебињата на Басби“ претстојуваа пред 60 години, а денес на стадионот на Партизан на кој се одигра натпреварот пред 60 години ќе биде одржан комеморативен собир.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…