Шпанскиот напаѓач поради повреда е принуден да ја заврши својата кариера на 31 година.
Ќе го паметиме по неговиот блесок во Свонси, вистинските љубители на англискиот фудбал сигурно се сеќаваат како ги тресеше противничките мрежи во својата дебитантска сезона во Премиер лигата (2012/2013).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа беше најдобрата сезона во неговата кариера, Свонси во таа сезона успеа да стигне до трофејот во Лигата купот, потоа започна неговиот пад.
„Лебедите“ во 2014 година го продадоа на Наполи, под Везув не се прослави, следуваше враќање во татковината, одигра една сезона за третолигашот Лангрео, а минатата сезона ја помина во неговиот матичен клуб Овиедо. Освен за Овиедо, тој настапуваше уште за Селта и Рајо Ваљекано.
Мичу во 2013 година запиша и еден настап за репрезентацијата на Шпанија и тоа во натпреварот од квалификациите за Мундијалот во Бразил против Белорусија.
Во професионалната кариера одигра 387 натпревари и постигна 100 погодоци.