
Реал Мадрид вчера со 2:5 славеше на гости против Ливерпул, а со овој триумф избраниците на Карло Анчелоти му го нанесоа на Ливерпул најтешкиот пораз во историјата на европските натпреварувања.
Голема улога во победата на Реал одигра и Лука Модриќ, поафалби за хрватскиот играч за врска по натпреварот испрати и легендарниот Тиери Анри.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Кога ќе видите играч како Лука Модриќ во неговите години така да владее со топката и со полна енергија да поминува низ средниот ред како да ги нема фудбалерите на Ливерпул, а потоа да ги разигрува Винисиус и Бензема, тогаш ви е јасно дека нешто не е во ред“.
„Ми изгледаше како играчите на Ливерпул да не даваат се од себе, овој тим во овој момент не е доволно добар и мора да пронајде нов рецепт како да функционира. Мораат да ја подигнат главата и да спасат што може да се спаси до крај на сезната“, изјави Анри.