Дома Фудбал Останато Европско дерби: Шпанија на мегдан со европскиот шампион

Европско дерби: Шпанија на мегдан со европскиот шампион

Вечерва во тамките на Лигата на нации силата ќе ја одмерат европскиот шампион Италија и Шпанија.

Италија: Азурите сакаат нов трофеј

Фантастичните партии во последните неколку години Азурите ги крунисаа со трофеј на ЕП кое се играше оваа година. Се разбира дека тоа е потполно заслужен успех, бидејќи оваа репрезентација покажа најмногу на тој турнир. Во финалето беа подобри од селекцијата на Англија, која во тој дуел играше практично пред своите фанови. Претходно селекциајта на Италија во текот на првенството ги запиша сите шест победи и затоа велиме дека трофејот им е комплето заслужен. Кога се во прашање кавалификациите за СП кое ќе биде изиграно наредната година, во овој момент избраниците на Манчини се наоѓаат на првото место на табелата на својата квалификациона група со шест бода повеќе во однос на Швајцарија која рака на срце има два натпревари повеќе.

Шпанија: Може ли Фуријата да им се освети на Италијаните?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Се сеќаваме сите на тие златни моменти од шпанскиот фудбал кога оваа голема репрезентација успеа да освои три по ред големи натпреварувања. Од тогаш до сега оваа селекција и нема забележано некои посериозни резултати, освен тоа што успеаа да стигнат до ½ финалето на ЕП каде што и беа елимнирани токму од Италија. Кога се во прашање натпреварите од квалификациите за СП кое ќе биде изиграни наредната година, после шест изиграни натпревари, Фуријата покрај Италијаните се наоѓа на првото место во групата со четири бода повеќе во однос на второпласираните Швеѓани.  Во последниот натпревар славеа против Косово и тој натпревар предизвика доста „бура“ во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…