Дома Фудбал Англија Солскјер за Ливерпул, Де Геа и зимските трансфери

Солскјер за Ливерпул, Де Геа и зимските трансфери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неделното дерби на Ливерпул е одлична можност неговите играчи да го поправат впечатокот и да излезат од кризата.

„Ливерпул одлично се снаоѓа во шампионатот. Со нетрпение го очекуваме ова дерби. Мислам дека ова е совршен натпревар за играчите и навивачите. Во последно време сме во тежок период, но ќе им одиграме добар натпревар“, истакна Солскјер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Норвежанецот откри и дека повредата на Давид де Геа не е сериозна и Шпанецот нема да отсуствува долго време.

„Не очекувам Де Геа да игра во недела, но неговата повреда не е толку лоша како што се плашевме. Мислам дека нема да биде аут долго време“, изјави Солскјер, кој на крајот прокоментира и за престојните трансфери.

„Преодниот рок во јануари е секогаш комплициран, но ако има достапни играчи за вистинска цена сигурно дека ќе бидеме спремни. Постојат искусни играчи кои би требало да им помогнат на нашите млади и вреди да се донесат. Бараме двајца играчи и имаме пари за трансфери“, заклучи Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона „фрли око“ на дефанзивец на Интер

Барселона сериозно размислува за засилување на одбраната во летниот преоден рок, а на врво…