Дома Фудбал 16-годишник го освојува светот: Сруши рекорд стар 56 години, го споредуваат со Болт

16-годишник го освојува светот: Сруши рекорд стар 56 години, го споредуваат со Болт

Гаут Гаут, тинејџер од Австралија, е новата атлетска ѕвезда по Шампионатот на австралијските средни училишта во Квинсленд.

Тинејџерот, кој сѐ уште нема полни 17 години, а ќе ги наполни на 29 декември, го импресионираше светот на атлетиката со своите настапи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Спринтерот ја истрча дионицата од 100 метри за 10:04 секунди, но со помош на ветер и поради тоа неговото време нема да биде официјално запишано како рекорд.

Сепак, подвигот на младиот атлетичар со потекло од Јужен Судан не е случајност, што го покажа следниот ден, кога го сруши рекордот на 200 метри. За новиот спектакуларен резултат му беа потребни 20:04 секунди.

Државниот рекорд му припаѓаше на познатиот Питер Норман, кој на Олимписките игри во 1968 година во Мексико Сити освои сребрен медал.

Колку ветува Гаут Гаут, покажува фактот дека Јусеин Болт најбрзо на таа возраст на 200 метри трчаше 20:13, што е трето време во историјата. Австралиецот така го надмина Болт, а сопственик е и на петтото најдобро време 20:29, кое го постави во ноември 2024 година.

„Не очекував дека ќе биде толку брзо. Го бркав тој рекорд, но не мислев дека ќе дојде оваа година. Мислев можеби следната година или година потоа“, изјави задоволниот Гаут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …