Дома Фудбал Јовиќ: Можам да играм заедно со Бензема!

Јовиќ: Можам да играм заедно со Бензема!

Лука Јовиќ денес и официјално беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, откако „кралевите“ го договорија неговиот трансфер од Ајнтрахт за 60 милиони евра.

Третина од споменатиот износ ќе му припадне на неговиот поранешен клуб Бенфика со кој до пред два месеци беше под договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јовиќ денес излезе на „Сантиаго Бернабеу“ и се претстави пред фановите, а потоа истакна дека е најсреќниот човек на светот.

„Како што веќе реков, јас сум најсреќниот човек на светот. Среќен сум што дојдов во најголемиот клуб на планетата и се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата“, истакна Јовиќ.

„Се уште не сум бил во прилика да разговарам со Зидан. Што се однесува до Бензема, можеме да играме заедно, веќе сум играл како втор напаѓач. Бројот, со кој ќе играм, не ме интересира. Би било убаво да го повторам моето постигнување минатата сезона, но не мислам на тоа. Се надевам дека многу ќе научам од Бензема, еден од најдобрите напаѓачи во светот“, додаде српскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…