Дома Фудбал Англија Кепа – Челзи втор чин: Голманот во соблекувална го понижил соиграчот!

Кепа – Челзи втор чин: Голманот во соблекувална го понижил соиграчот!

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага направи вистински скандал откако одби да излезе од игра пред изведувањето на пеналите во финалето на Лига купот против Манчестер Сити.

Шпанскиот чувар на мрежата не сакаше да го напушти теренот, па искусниот Аргенинец Вили Кабаљеро залудно чекаше покрај линијата и на крајот мораше да се врати на клупата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според пишувањата на „Сан“, Кепа Аризабалага имал расправија и со Вили Кабаљеро по финалето од Лига купот, притоа го понижил со дрзок коментар.

Бесен по крајот на натпреварот Кабаљеро имал што да му каже на младиот голман во соблекувалните, на што тој дрско му одговорил дека е подобар голман од него и затоа останал на теренот.

„Подобар голман сум од тебе и затоа останав на голот“, наводно Кепа му кажал на својот колега, а после ова Кабалеро полудел, но соиграчите спречиле поголем инцидент.

Кепа на крајот беше казнет со одзимање на неделната плата, а се извини на колегите и на клубот. Сепак, тренерот Сари најави дека можеби ќе го остави на клупата за денешното дерби со Тотенхем.

„Направив голема грешка. Му се извинувам на тренерот, на Вили и на колегите како и на комплетниот клуб. Исто така се извинувам и на навивачите. Од ова многу ќе научам и ќе ја прифатам потполно казната од клубот“, истакна младиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Билд“: Ѕвезда на Дортмунд лаже за својата возраст – има 24, а не 20 години!

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во ф…