Долгогодишниот сопственик на Челзи Роман Абрамович се повлекува од актуелниот шампион на Европа после санкциите кон руските олигарси поради ситуацијата во Украина. Сега прашањето е кој ќе биде новиот сопственик на Челзи.
Според информациите на „Ројтерс“ еден од кандидатите за нов сопственик на Челзи е и Џон Тери. 41-годишникот кој 19 години играше за клубот и стана еден од најголемите кој го носеше дресот на „сините“. Во еден таков потфат Тери би се здружил со двоецот на американски бизнисмени Стив Паљука и Лари Танебаум.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Паљука е сопственик на Бостон Селтикс и ко-сопственик на Аталанта. Ако го преземе Челзи ќе мора да се откаже од делот во Аталанта. Танебаум е сопственик на компании и во своја сопственост ги има и Торонто Рапторс.
„Можам да ги убедам навивачите на Челзи дека Стив и јас сме предани на изградбата на тим кој ќе се бори за сите титули, како и изградба на најмодерен стадион, вложување во нашата академија и женски тимови“, изјави Канаѓанецот најавувајќи дека и Тери ќе биде вклучен во целиот проект.