Дома Фудбал Англија Џон Тери и официјално се врати во Челзи

Џон Тери и официјално се врати во Челзи

Како и што беше најавувано, Џон Тери и официјално се врати во Челзи.

Поранешниот стопер на Англија кој во клубот од „Стенфорд Бриџ“ помина 20 години и настпаи на дури 717 натпревари ќе работи во тренинг центарот со младите фудбалери од академијата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Тој ќе биде голем ментор за нашите млади фудбалери и фантастично дополнување за нашата тренерска постава“, изјави првиот човек на младите категории на Челзи, Нил Бат.

Џон Тери од 2018 година работеше во Астон Вила како помошник на Дин Смит од кој како што кажа многу научил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…