Дома Фудбал Останато Џерард се разочара, најави заминување од Ренџерс!

Џерард се разочара, најави заминување од Ренџерс!

Стивен Џерард размислува за заминување од Глазгов Ренџерс.

Легендата на Ливерпул работи добро во Ренџерс, со овој клуб се избори за пласман во 1/8 финалето во Лигата на Европа, клубот се врати и во борба за титулата со Селтик, но со поразите изгледа тешко се носи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, неговите пулени доживеаа пораз во четвртфиналето од купот против Хертс и тоа на Џерард тешко му падна.

После натпреварот изјави дека размислува за се и дека во наредните два дена ќе донесе одлука.

„Не сум се чувствувал полошо од кога сум тука. Морам да размислам, планот беше утре да бидеме слободни, меѓутоа мора сериозно да размислам каде се наоѓаме како група. Ќе морам добро да размислам во наредните 24-48 час“, изјави Џерард.

Легендата на Ливерпул чека на првиот трофеј во тренерската кариера, очигледно многу се надевал на трофеј во купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стефан Ристовски има нов клуб!

Мкедонскиот фудбалер Стефан Ристовски според последните информации на порталот „Германијак…