Легендарниот фудбалер на Ливерпул и англиски репрезентативец Стивен Џерард од крајот на минатата година е без работа по заминувањето од Астон Вила, а се најавуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Џерард потврди дека добил понуда од Ал Етифак каде што настапува нашиот Дарко Велковски, но како што изјави самиот Џерард изгледа нема да има ништо од тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Добив понуда и ја анализирав, но ми изгледа дека нема да има ништо од преминувањето од Саудиска Арабија“, изјави Џерард.
Како фудбалер, Џерард настапуваше само за два клуба за Ливерпул од 1998 до 2015 година и Лос Анџелес Глакси каде што играше 2015-та и 2016-та кога ја заврши кариерата.