Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард изјави дека менаџерот на „црвените“ заслужува статуа во негова чест пред стадионот „Енфилд“.
Клоп буквално го „препороди“ Ливерпул, минатата сезона ја освои Лигата на шампиони, а оваа сезона е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата после цели 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сметам дека некој како Клоп веќе треба да биде награден. Често во фудбалот чекаме додека луѓето остарат за нивните постигнувања да добијат признание“, истакна Џерард.
„Знам дека сопствениците на Ливерпул нема дозволат тоа да се случи. Штом Клоп ќе ја подигне титулата во Премиер лигата тие треба да изградат негова статуа пред стадионот“, смета легендата на клубот.
Клоп денес го слави 53-от роденден и веќе со Ливерпул ја освои ЛШ, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.