Дома Фудбал Англија Џерард исто како Клоп: Стави потпис на договор до 2024 година!

Џерард исто како Клоп: Стави потпис на договор до 2024 година!

Легенедата на англискиот фудбал, Стивен Џерард денес ја продолжи верноста со Ренџерс и потпиша договор до 2024 година.

Шкотскиот клуб прв му даде шанса на поранешниот фудбалер да стане тренер и тоа во 2018 година. Од тогаш сопствениците очигледно се задоволни со резултатите кои ги постигнува легендата на Ливерпул, па поради тоа решија да го наградат со нов договор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кога претседателот на клубот, Дејв Кинг, ми пријде за можноста да го продолжам договорот со Ренџерс, беше многу лесна одлука да се донесе, затоа што сум многу среќен тука и чувствувам дека заедно градиме нешто посебно во клубот“, изјави Џерард.

Џерард претходно работеше како тренер во младинските категории на Ливерпул, а се надева дека еден ден ќе може да се врати на „Енфилд“ и како главен тренер.

Токму денес и актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп стави потпис на нов договор до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…