Дома Фудбал Англија Џерард е многу блиску до првиот тренерски професионален ангажман

Џерард е многу блиску до првиот тренерски професионален ангажман

Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард е еден од главните фаворити за превземање на Ипсвич Таун, пишува „The Sun“.

Ипсвич Таун бара замена за Мик Мекарти откако што одлучија да не го продолжат договорот со поранешниот селектор на Република Ирска. Џерард, кој изминативе години од клупата ја предводеше младата екипа на Ливерпул, се појави како сериозен кандидат за превземање на споменатиот клуб, што воедно би му било и негова прва тренерска работа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Уште од кога Стивен Џерард го напушти „Енфилд“ беше јасно дека еден ден ќе се врати во клубот во некоја друга улога. Се споменуваше позајмица за време на паузата во Америка, но тоа не се случи. Џерард на крајот стави крај на својата кариера, а многу брзо го пронајде својот прв тренерски ангажман. На крајот од 2017. година стана тренер на јуниорската екипа на Ливрпул. Мора да се каже дека му оди многу добро. Ако вака продолжи, неизбежно е дека еден ден ќе го гледаме како тренер на првата екипа на Ливерпул.

Џерард е поранешен англиски фудбалер, кој играше во средниот ред. Остана запаметен како еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња За англиската репрезентација настапи 114 пати и постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…