Завршен е трансферот на еден од најталентираните млади играчи во Англија.
Стивен Џерард донесе своја крв во тимот на Ливерпул. Супер талентираниот Боби Данкан кој е родниски поврзан со легендата на „црвените“ ќе биде дел од младинскиот тим на клубот од „Енфилд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данкан важи за еден од најталентираните фудбалери во Англија, неодамна на натпреварот против Бразил помеѓу селекциите на репрезентациите до 17 години беше стрелец на три погодоци.
Талентираниот фудбалер до лето кога ќе го направи трансферот во Ливерпул ќе тренира со Виган. Причината поради која ќе почека до јуни е што Ливерпул е под забрана за ангажирање на играчи под 17 години од други англиски клубови – Данакан во јуни полни 17 и нема да има никаков проблем да пристигне на „Енфилд“.
Данакан иначе до овој момент се развиваше во школата на на Манчестер Сити, а Ливерпул на „граѓаните“ за неговите услуги ќе им плати 200.000 фунти.
ITKs from City believes Bobby Duncan is joining his cousin Steven Gerrard at Liverpool pic.twitter.com/Vq8hwP3Sg2
— Prabin Bikram (@prabinLFC) April 15, 2018