Интер сака да го задржи Един Џеко во своите редови и спреми нов договор за искусниот напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.
36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер неодамна започна преговори за продолжување на соработката, а Џеко потврди дека не размислува за пензија и дека е среќен во Интер.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот ја прифатил понудата и наскоро ќе стави потпис на нов едногодишен договор тежок 5 милиони евра.
Босанецот имал понуди од САД и Саудиска Арабија, но тој одлучи да остане во Интер каде ќе остане уште една сезона.