Натпреварот помеѓу Рома и Милан го одбележа расправијата помеѓу Џенаро Гатузо и Александар Коларов покрај аут линијата.
Расправијата почна на средината од првото полувреме кога Коларов се пожали поради жестокиот старт на Давиде Калабрија. Сето тоа се случи пред тренерот на Милан, кој почна да урла на Србинот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коларов се подготвуваше да изведе аут, а темпераментниот Гатузо му се доближи и почна да му вика:
„Ќе ти го разбијам задникот, играј фудбал“, по што интервенираше и главниот судија.
Сепак Гатузо на крајот на првото полувреме му се извини на Коларов и го прегрна на патот кон соблекувалната.