Њукасл во зимскиот преоден рок ќе има огромен буџет на располагање и сака значително да го засили тимот.




Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл ќе има на располагање буџет од околу 200-300 милиони евра, а приоритет ќе биде засилување на одбраната.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Скај Спорт“ пренесува дека Њукасл започнал преговори со дефанзивецот на Лил и холандски репрезентативец, Свен Ботман.




Ботман игра фантастично во Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, особено на Милан. Меѓутоа, Њукасл има поголема финансиска моќ и сака да го „украде“ играчот пред носот на „росонерите“.