Бразилскиот репрезентативец, Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.
Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Притоа, Барселона има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продаде некои од своите ѕвезди, а Рафиња е на таа листа.
Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој е заинтересиран за Бразилецот и веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.
Њукасл има прилично добра сезона, стигна до финалето на Карабао Купот и има реални шанси да заврши во Топ 4 и да обезбеди пласман во ЛШ.
Рафиња е спремен да се врати во Премиер лигата, но само во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.