Дома Фудбал Англија Љунберг за третиот гол го обвини Колашинац, иако тој не беше на теренот

Љунберг за третиот гол го обвини Колашинац, иако тој не беше на теренот

Арсенал вчера беше поразен на домашен терен од Манчестер Сити со убедливи 3-0.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац, се повреди на крајот на првото полувреме при резултат 2:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тој ја напушти играта, а само една минута подоцна со играч помалку Арсенал прими трет гол, кој ги заврши работите.

После натпреварот, Фреди Љунберг го критикуваше Колашинац и рече дека таквите работи не треба да се повторуваат.

„Сака се подготвуваше да влезе во игра откако видовме дека Сеад не може да продолжи. Со оглед на тоа дека беше многу ладно, Сака имаше многу облека на себе. Тоа е нешто на кое мора да внимаваме. Колашинац требаше подолго да лежи на теренот, за Сака да има време да се соблече. Стана брзо, Сака не успеа да влезе и на крајот примивме погодок.“ – изјави Љунберг по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…