Јувентус би можел да го ангажира левиот бек на Челзи, Бен Чилвел на позајмица во јануари.
„Бјанконерите“ сигурно ќе ја засилат дефанзивната линија по повредите на Хуан Кабал и Бремер, кои ќе бидат во аут до крајот на сезоната. Сепак, клубот на лето потроши многу на трансферите на Тун Копминерс и Даглас Луис, па во јануари ќе се фокусира само на позајмици.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според „Тутоспорт“ Бен Чилвел е многу реална опција за левата бековска позиција. 27-годишниот Англичанец оваа сезона одигра само 45 минути и тоа во Карабао купот.
Енцо Мареска јасно стави до знаење дека нема да смета на него, па Челзи е спремен да го пушти на позајмица.